Кохран-Зигл победник на супервелеслаломот во Бормио

Рајан Кохран-Зигел стигна до премиерната победа во Светскиот куп, откако денеска славеше на супевелеслаломската трка во италијанскиот ски-центар Бормио. Американецот до победата стигна со време од 1:29.43 минута, што беше за 79 стотинки подобро од второпласираниот Винсент Крихмајер од Австрија. Подиумот го надополни Адријан Смисет Сејерстед од Норвешка кој доцнеше 94 стотинки зад времето на победникот.

Во генералниот пласман лидер останува Алекис Пантуро од Франција, пред Норвежанецот Омот Килде и Марко Одермат од Швајцарија. Утре во Бормио најдобрите алпски скијачи во светот ќе го возат третиот спуст сезонава.

Се вчитува...