По наоаѓањето на клуб на Дејан Илиев, кој замина во Финска во редовите на Хелсинки, само уште неколкумина играчи остануваат без клубови, во обид да најдат ангажман. Тие како слободни можат да одат било каде, без разлика дали трансфер преодниот рок е завршен или не.
На списокот на слободни фудбалери има и звучни имиња, екс младински и сениорски репрезентативци. Така најзвучно е се чини Мите Цикарски, кој по раскинот со Академија Пандев и натаму е во потрага по нов клуб. Цикарски, кој има настапи за младите селекции, но и за сениорската репрезентацијата, е во потрага по нов ангажман. 30-годишниот лев бек во минатото беше и во Ботев, Газ Метан, Јанина, Етникос, а од нашите клубови покрај Академија Пандев, настапуваше во Вардар и во Работнички.
Слободен фудбалер е и екс младинскиот репрезентативец Влатко Дробаров. Стоперот „раскина“ со Сараево, и сега е слободен агент. Откако пропадна можноста да се врати во БИХ, без ангажман е и Коста Манев. Манев беше блиску до потпис со Тузла Сити, меѓутоа на крајот трансферот не се реализираше.
Без ангажман остана и Бојан Ѓорѓиевски, десниот бек кој настапуваше во повеќе наши клубови меѓу кои Работнички, Металург, Шкупи… Без ангажман е и Никола Јакимовски кој по ангажманите во Италија и во Грција, сега е без ангажман. Без ангажман се и Филип Дурански, Оливер Стоименовски, Ристе Каракамишев, Филип Костовски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА