Кои македонски фудбалери зимава ќе добијат нови клубови?

Уште неколку денови до почетокот на зимскиот трансфер преоден рок, во кој неколку македонски фудбалери се очекува да направат трансфери и да имаат нови клубови.

Кои македонски играчи зимава се очекува да добијат нови клубови? Прв на оваа листа е репрезентативецот Дарко Велковски. Тој во моментов нема клуб, изминатите шест месеци тренираше со Работнички, но сега мора да најде ангажман ако сака да продолжи да биде дел од националниот тим и во престојниот квалификациски циклус за пласман на Мундијалот.

Последен тим во кој настапуваше Велковски беше Динамо Букурешт кој го напушти на крајот од минатата сезона. Инаку Велковски еднаш шест месеци немаше клуб, откако го напушти Ал Етифак, и сега по секоја цена треба да пронајде ангажман. Полски, кипарски и хрватски клубови се заинтересирани за услугите на Велковски.

Втор на оваа листа е Езгјан Алиоски. Алиоски е дел од Ал-Ахли, но веќе повеќе од една година не добива никаква минутажа во тој клуб. Иако имаше неколку најави за заминување, сепак, на крајот трансферите не се реализираа. Алиоски е најблиску до Турција, откако неколку тима од ова првенство се интересираат.

Се очекува и Енис Барди да има нов ангажман. Играчот од средниот ред е многу блиску да го напушти Трабзонспор. Можно е останување во Турција, но и заминување во Динамо Загреб кој прв пројавил интерес.

Неизвесна е иднината и за Елиф Елмас. Поблиску е да ја смени средината, отколку да остане во Бундеслигата во Лајпциг. Ретко играше во оваа полусезона, а Лајпциг не го смени тренерот и покрај катастрофата од Баерн, а тоа е јасен сигнал дека за Елмас нема место во тимот. Опција е враќање во Фенербахче, но и „кам-бек“ во Италија, но не во Наполи каде што ги забележа најголемите успеси освојувајќи го Скудетото.

Ердон Даци е слободен играч откако неговиот тим Деинзе прогласи банкрот, и ги распушти сите играчи. Даци во минатото беше дел од Вестерло и Беверен, и најверојатно ќе остане во Белгија каде ќе најде ангажман.

Од репрезентативците, можно е и Игор Алексовски да има нов клуб. За него има интерес од Сабаил од Азербејџан, но можно е на крајот да остане во Работнички, односно да потпише нов договор.

На списокот на играчи кои можно е да имаат нови клубови зимава се уште и Енис Фазлагиќ (Висла Краков), Агон Елези (Бохум), Дејан Илиев (УТА Арад), Тодор Тодороски (Политехника Јаши).

Се вчитува...