Кои ни се противниците во Лигата на нациите: Шкотите срушени во Скопје, Словенците „редовни пациенти“, со Швајцарците првпат

Македонската репрезентација ги добие противниците за новото годинашно издание во Лигата на нациите.

За првпат Македонија ќе игра во Б-дивизијата од Лигата на нациите, а денешната ждрепка во Брисел, сакаше да бидеме во Групата Б1 заедно со селекциита на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Македонија првпат во својата независна историја ќе се соочи против репрезентацијата на Швајцарија, против која досега немаме ниту еден одигран натпревар.

Против Шкотите имаме четири натпревари, од кои една победа, едно реми и два порази со вкупна гол-разлика од 3-5. Единствената победа ја забележавме во Скопје во квалификациите под водство на Среќко Катанец, кога славевме со 1-0 со голот на Илчо Наумоски.

Најголем број натпревари Македонија има против репрезентацијата на Словенија против која имаме исклучително позитивен биланс. Во седум одиграни натпревари, четири победи, две ремија и еден пораз со гол-разлика од 13-7.

Се вчитува...