Кои се играчите со најголем број настапи за своите селекции: Роналдо, Модриќ, Левандовски, Жиру, Милер…

За Европското првенство 2024 кое стартува денеска во Германија се пријавени вкупно 622 фудбалери.

Од оние со најголем број настапи за своите селекции, секако на врвот на листата е 39-годишниот Кристијано Роналдо кој досега има 207 настапи за Португалија, што е светски рекорд.

Зад него на листата е Лука Модриќ од Хрватска со 175 настапи, кој досега играч на четири Светски првенства (2006, 2014, 2018 и 2022) и четири Европски првенства (2008, 2012, 2016 и 2020).

Веднаш зад него е Јан Вертонген од Белгија, а потоа е Роберт Левандовски со 150 настапи.

Се вчитува...