Кои земји „најдебело“ ги плаќаат медалите на ЛОИ: Сингапур со неверојатни 737.000 долари за злато, Србија меѓу најдарежливите пет земји!

Секоја земја пооделно го оценува значењето на освоениот медал на своите спортисти на Летните олимписки игри 2024 во Париз. Па, затоа и огромната разлика во сумите кои државите ги исплаќаат на олимпијците за освоениот медал.

Земја која најмногу плаќа за освоен златен медал од ЛОИ, дури 737.000 долари е Сингапаур.

Веднаш до неа е Тајван со 716.000 долари за злато, а потоа се Србија и Мароко кои даваат по 200.000 евра за најсјајното одликување.

Италијанците ќе ги наградат со 200.000 долари своите спортисти за освоен златен медал, а Шпанците, пак, со 102.900 долари. Франција за злато ќе награди со 71.200 долари, а САД со 37.500 долари. Хрватск на своите златни олимпијци ќе ги награди со 41.000 евра, а изненадувачки ниска е наградата на Германците само 20.000 евра за освоен златен медал.

Се вчитува...