Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е херојот на Јувентус во победата над Торино во градското дерби со минимални 0-1.
Избраниците на Масимилијано Алегри повторно не покажаа ништо посебно, но сепак на крајот успеаја некако да стигнат до трите бода откако српскиот репрезентативец го постигна победничкиот погодок во 75. минута.
Со овој триумф „старата дама“ се искачи на 7. место на првенствената табела со 16 бода, додека Торино остана 11. со ист број на бодови како местото на табелата.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА