Тибо Куртоа летово инсистираше на трансфер во Реал поради желбата да се врати во Мадрид каде живее неговата девојка Марта Домингез, со која голманот има и две деца. Тој сака да се посвети на семејството, но и да и возврати на Марта за трпението што го покажа кон него во периодот додека важеа за двојка, а Куртоа имаше и бројни кратки авантури.
За јавноста најпозната беше онаа со Лајнен Каролин, девојката на Кевин де Бруине со која Куртоа мина неколку ноќи пред аферата да биде обелоденета во јавноста. Голманот успеа да ја убеди Марта да му прости, исто како и неколку месеци подоцоан, со неверството со шпанската манекенка Џенифер Санчез.
Во меѓувреме имаше и флерт со Емили Ванхуте, поранешната „Мис Белгија“, а кога во Лондон лудуваше и со Делани Ројл, на Марта и „пукна филмот“, па реши да ја прекине врскста со неверниот голман. Сепак, и тоа траеше кратко, па Тибо успеа да ја убеди дека таа се уште е љубовта на неговиот живот, па повторно се заедно по неговиот трансфер во Реал.
Куртоа на крајот на кариерата ќе треба да напише книга „Учебник за швалери – како да се преживеат неверствата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА