Кој да се надева на ова? Бразил не може да ја победи Панама

Репрезентацијата на Бразил одигра без победник, 1-1, против Панама во пријателскиот натпревар кој се играше во Порто.

Бразилците беа огромни фаворит но не успеаја да стигнат до триумф. „Кариоките“ поведоа со голот на Лукас Пакет во 32. минута кој го постигна првенецот во бразилскиот дрес. Но, само четири минути подоцна Панама преку Мачадо стигна до израмнување.

Бразил од првата минута играше во следниот состав: Едерсон, Телес, Миранда, Милитао, Фагнер, Пакет, Кашемиро, Артур, Кутињо, Фирмино и Ричарлисон, а играа уште и Фелипе Андерсон, Евертон и Габриел Хесус.

Се вчитува...