Последно коло во ПМФЛ за оваа година: Струга ТЛ и Шкупи во трка за есенската круна

Дека оваа сезона е интересно во ПМФЛ од натпреварувачки аспект и покрај многуте проблеми, поплаки и жалби кон судиите, покажува фактот дека битката за есенски првак ќе се решава во последното коло од есенскиот дел. Два тима се во игра, лидерот Струга ТЛ и екипата на Шкупи, додека Шкендија заостанува четири бода од првото место и нема шанси да презими како првопласиран.

Најголеми шанси за есенската круна има Струга ТЛ, која како лидер има предност на табелата, и игра на домашен терен со Брегалница, во дуел во кој важи за фаворит. Победат ли стружани, дефинитивно ќе презимат како првопласирани, и ќе ја одбранат есенската круна. Струга ТЛ може да стане есенски првак и ако не победи, но во случај и Шкупи да не слави на гости кај АП Брера.

„Знаеме дека нема да бие лесно, но бодовите ни се важи, и затоа ќе мора дадеме се од себе да стигнеме до нив. Што се однесува до мене, во овие последни натпревари играв како последен играч за врска на барање на тренерот. Но, и покрај тоа би сакал да постигнам гол и да ја завршам годината со гол, а ние да ја завршиме годината како првопласирани“, рече Хоган Укпа, играчот на средниот ред на Струга ТЛ. 

Шкупи оваа сезона покажа дека сака да се врати на шампионските патеки. Откако го смени тренерот и го назначи Младен Жежовиќ, оваа екипа игра препородено. Има само еден пораз во сите натпреварувања, и се најде во ситуација да се бори за есенски првак. Сепак, за такво нешто ќе им треба „кикс“ на Струга ТЛ, и нивна победа на теренот на АП Брера.

„Знаеме колку е важен овој натпревар, наша цел е да ја завршиме оваа полусезона на првата позиција, и затоа работиме напорно да го постигнеме ова. Ќе бидеме фокусирани, ќе бараме победа и се надеваме дека ќе дојдеме до неа“, изјави Куевне, играчот на Шкупи. 

Шкендија на домашен терен го чека тимот на Силекс. Тетовскиот тим сака со победа да ја заврши полусезоната, и да остане во трка со ривалите за титулата, па низ пролетниот дел да се обиде да ја врати титулата во Тетово.

Вардар се чини дека ќе презими на последната позиција на табелата, и ќе бара спас низ пролетниот дел. „Црвено-црните“ имаат три бода заостанување зад Воска и Брегалница, и со евентуална победа ќе ги стигнат. Работничлки на гостувањето во Охрид кај Воска, бара нови бодови со кои ќе презими во горниот дел на табелата.

ПМФЛ, 18. КОЛО (ДЕНЕСКА, 13:00 ЧАСОТ)

Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ

Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ

ВЧЕРА:

ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...