Роџер Федерер и Александар Зверев урнаа рекорд на светскиот тенис откако синоќа одиграа ревијален меч пред 41.517 гледачи. Ова е убедливо најпосетен тениски дуел во историјата на овој спорт, уривајќи го претходниот рекорд на Ким Клајстерс и Серена Вилијамс, кои во 2010 година се сретнаа во Белгија пред 35.681 гледачи.
Се очекува Федерер да го урне овој рекорд веќе во февруари, за кога е закажан мега-дуел со Рафаел Надал во Кејптаун, во арена што собира околу 55.000 гледачи.
Инаку, швајцарскиот ас го доби дуелот со Зверев со 2-1 во сетови (3-6, 6-4, 6-2). Како дел од ревијалната програма, браќата Боб и Мајк Брајан се сретнаа со мексиканскиот дубл Варела – Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА