Реал Мадрид од 50. минута има предност во дуелот со Бенфика во Лисабон. Спектакулеран гол постигна крилниот играч Винициус Жуниор.
После една акција, Бразилецот доби топка од левата страна, и упати вистински „проектил“ кој заврши во горниот лев агол.
Веднаш по голот, Винициус се пожали на расистички навреди од еден противнички фудбалер и сега на клупата одбивајќи да игра, дуелот беше десет минути во прекин, страстите целосно зовреа, пред Бразилецот да се врати на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

