Кој е „миротворецот“ што ги смири Демба Ба и Колтеску?

Огромна прашина се крена околу прекинот на дуелот меѓу ПСЖ и Башакшехир, кој мораше да се доигра наредниот ден откако гостинските фудбалери го обинијиа четвртиот судија Себастијан Колтеску за расистичко однесување. УЕФА покрена и постапка против Ромаанецот кој цело време тврди дека не е расист.

Во меѓувреме, далеку од очите на јавноста, Колтеску се слушнал со Демба Ба, двајцата дале објаснување за своето однесување и ги смириле страстите, а најзаслужен за тоа е Осман Ндаје. Поранешниот сенегалски репрезентативец има настапувано во Романија, по што на своја иницијатива решил да ги смири завојуваните страни.

„Сакам мир, сакам да се смејам, да разговарам со сите, да ги почитувам сите луѓе. Додека играв во Романија, таму запознав многу луѓе. Знам како функционира таа држава, ги познавам Романците. Видов што му се случи на Колтеску, на мојот најмил судија во Романија. Знаев дека не му е лесно и решив да му се јавам. Го побарав неговиот број, му се јавив и му кажав дека знам дека не е расист, дека само сакал да покаже кон клупата на Башакшехир“, открива Ндаје.

Потоа следел потешкиот дел од задачата, да се убеди Демба Ба на разговор.

„Зборував и со Демба Ба, кој ми е доба рпријател, па јас му асистирав при првиот гол за репрезентацијата на Сенегал. Му ја објаснив целата ситуација и тој ја разбра. Потоа, му го дадов на Колтеску бројот на Демба и му реков да му се јави, дека го очекува. Без телевизија, без камери, само нив двајца. Зборувале, ги смириле страстите, потоа двајцата ми се јавија да ми се заблагодарат, звучеа многу среќна. Демба ми рече дека Себастијан е фантастичен човек, а Колтеску беше воодушевен од мојот сонародник“, изјави 42-годишниот Сенегалец.

Тој не сака да се обрнува преголемо внимание на неговиот гест, туку на решавањето на проблемот.

„Не сакам никаква награда, благодарница или такви работи. Откако се случи она во Париз, ми се јавија новинари од целиот свет. На сите им го кажав истото – Романија е моја земја, а јас никогаш не сум видел расизам. Му објаснив и на Демба, дека зборот „црн’ сам по себе не е расизам. Тој мислел дека тој збор не смее да се користи на стадионите. И самиот Колтеску увиде каде згрешил. Накратко, немаше голем проблем како што беше претставен, стануваше збор само за недоразбирање“, објаснува Ндаје.

Се вчитува...