Кој е најголемото разочарување на полусезоната во Формула 1?

Во шампионатот во Формула 1 во тек е едномесечната летна пауза. Последната трка од првиот дел се возеше минатиот викенд на „Хунгароринг“. Себастијан Фетел со Ферари триумфира на трката за ГН на Унгарија и ја задржа водечката позиција во генералниот пласман на возачи, пред двоецот на Мерцедес – Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

И додека возачите во Ф1 се на заслужен одмор, се сумираат резултатите и остварувањата. Добрите познавачи на најелитното автомобилско натпреварување веќе издвоија кој е најголемо разочарување, а кој најголемо изненадување на полусезоната во Ф1.

meklaren

Кога се во прашање возачите, најмногу потфрли Џолион Палмер од Рено. Во солидниот болид на францускиот тим, Палмер на 11 трки не освои ниеден бод, а често имаше проблеми и во квалификациите. За разлика од Палмер, неговиот клупски колега, Нико Хулкемберг освои 26 бода и со шестото место на Силверстоун покажа дека во болидот на Рено има многу поголем потенцијал кога не е во рацете на 26-годишниот Британец.

Што се однесува до тимовите, тука без конкуренција, најголемо разочарување на полусезоната е тимот на Мекларен. Славниот британски тим, сезонава има серија проблеми со моторите на Хонда што ги однесе на дното на табелата во конкуренција на конструктори иако зад воланот на својот болид, Мекарен го има Фернандо Алонсо.

ocon111

На другата страна, најпријатно изнанадување меѓу возачите е Естебан Очон кој со болидот на Форс Индија постигна нешто што малку кој го очекуваше – освои бодови на 10 од 11 трки.

20-годишниот Французин минатата сезоан дебитираше во Ф1 во тимот на Манор, но во неконкурентниот болид не можеше да го покаже својот раскошен талент, но вече во својата втора сезона со болидот на Форс Индија бележи импресивни резултати и веќе влегува во фокусот на интерес на големите тимови во Ф1.

-ferrari-vettel-f1-

Кај тимовите во првата половина од сезоната во Ф1 најголем напредок покажа Ферари. Италијанскиот тим е најтрофеен и најбогат во Ф1, но за разлика од ланското просечно издание кога во конкуренција на конструктори беше зад Мерцедес и Ред Бул, годинава Ферари се покажа во полн сјај.

По летната пауза, шампионатот во Ф1 продолжува на 27 август со трката за ГН на Белгија на патеката „Спа Франкоршампс“.

Се вчитува...