Кој е следен по Роналдо – Португалците и Французите во паника

Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус, најдобриот португалски фудбалер веднаш заминал во самоизолација, но во оваа репрезентација владее паника околу тоа дали и колку други репрезентативци би можеле да бидат позитивни по контактите со Роналдо.

Асот на Јувентус не ги почитувал премногу мерките за време на репрезентативната пауза, бил во близок контакт без маска со најмалку пет-шест репрезентативни колеги, па во Португалија со право се стравува за дополнително ширење на коронавирусот во оваа селекција, каде фудбалерите биле дополнително тестирани во текот на денешниот ден.

 

View this post on Instagram

 

Unidos dentro e fora do campo! ?????? #todosportugal

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Загриженост владее и во селекцијата на Франција, со оглед на фактот дека Роналдо пред мечот се поздрави со рацете со сите членови на стартниот тим на „триколорите“. Покрај тоа, Кристијано му го подари дресот на младиот Камавинга по краткиот разговор со него, а мина и кратко време крај Килијан Мбапе, кој пред еден месец го победи коронавирусот и се врати на терените.

Се вчитува...