КОЈ Е СОСТАВОТ СО КОЈ ЌЕ ИМ СЕ СПРОТИСТАВИМЕ НА ДАНЦИТЕ: Херера дебитира на лево, во 3-5-2 формација, со Елмас и Растодер во нападот!?

ЕКИПА во Копенхаген,

Владимир Булатовиќ

Кој е составот со кој Македонија ќе се спротистави на Данска среде Копенхаген во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2026!?

Сега веќе дефинитивно се насетува формацијата 3-5-2, во која како последен бедем пред голот на Столе Димитриевски треба да биде тројката Муслиу, Зајков и Велковски или Серафимов, со деби настап по левата страна на Колумбиецот со македонски пасош Херера, на местото на повредениот Џани Алиоски кој не допатува во Копенхаген, и Стојчевски на десната страна…

Во средниот ред, покрај капитенот Енис Барди, се очекува старт на Исник Алими заедно со Јани Атанасов, и Елиф Елмас како полушпиц во нападот.

Овој пат, согласно формата во која настапува во швајцарскиот шампионат, се очекува старт на Растодер како најофанзивен, на местото на досега стандардниот Бојан Миовски.

Се вчитува...