„Кој го *бе Партизан! Попрво би играл во втора лига во Мадагаскар отколку за нив“

Кошаркарот на Црвена Звезда, Џон Браун на гостување на подкастот „Евро инсајдер“ имаше интересна изјава коментирајќи го ривалството во српската кошарка помеѓу вечните ривали.

Американецот откри интересна приказна поврзана со гостувањето пред навивачите на Партизан каде еден млад фан го плукал за време на натпреварот. Како што вели тој, никогаш не би играл за таков клуб.

„Ќе кажам нешто лудо. Кој го *ебе Партизан! Попрво би играл во втора лига во Мадагаскар отколку за нив. Игравме против Партизан во Евролигата на нивни терен и едно дете ме плукна. Ме плукаше во текот на целиот натпревар. Постојано слушав „пуу“ па се свртев. Недовиќ ме фати за рака и ми кажа да се смирам, но едно дете да ме плука? Честа е на родителите“, изјави Браун.

Се вчитува...