Кој го научи Ибрахимовиќ дека девојки не се бркаат со бели чорапи?

Златан Ибрахимовиќ својата блескава кариера ја почна во дресот на Ајакс, лансирајќи се меѓу ѕвездите на европскиот фудбал. Шведскиот ас отсекогаш имаше и незгоден темперамент, а поради честите конфликти со капитенот Рафаел ван дер Варт, кој го обвини и дека намерно го повредил, голгетерот беше продаден во Јувентус.

Тој од најмлади години имаше голем авторитет во соблекувалната, ретки беа соиграчите кои можеа нешто да му преречат, но еден од оние кои можат да се пофалат дека му „земале образ“ на Ибракадабра е Никос Махлас. Грчкиот голгетер пристигна од Витесе и не доби премногу шанси крај Ибрахимовиќ и Мидо во нападот, но во холандскиот тим останува запаметен како некој што не премолчува никому, дури и на Златан.

Затоа, на листата на најпознати голгетери во клупската историја се најде и името на овој напаѓач, не толку поради голгетерските способности, колку по една случка заедно со Швеѓанецот.

„Фудбалерите на Ајакс беа излезено заедно, кога Махлас гласно му порача на Златан дека со бели чорапи нема да може да освои ниту една девојка. Ибра се направи дека не го слушна, но отиде во тоалетот и кога се врати веќе немаше чорапи на нозете. Кога видоа останатите фудбалери, сите пукнаа од смеа“, обелоденува официјалната веб-страница на Ајакс.

Се вчитува...