Кој губи има право да се лути, но не и да плаче – Романците се жалат на „лошата публика“ во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија со позитива од осум гола ќе патува на реванш натпреварот од бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска, откако во Скопје триумфираше над Романија со 30-22.

Романците не се задоволни од атмосферата во „Борис Трајковски и не фер навивањето на македонската публика.

„Во Македонија загубивме од многу борбен тим и публика, која за жал не беше фер-плеј. На 19 март во салата на Динамо можеме да им покажеме што значи да го поддржуваш омилениот тим без исвиркување. Со полна сала, романската репрезентација има повеќе шанси“, велат од Романската федерација.

Реванш натпреварот меѓу Романија и Македонија кој ќе се игра во Букурешт е закажан за утре во 17 часот.

Се вчитува...