Барселона и Манчестер јунајтед одиграа без победник (2-2) во првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа, во меч во кој сите погодоци беа во второто полувреме.
Освен тие четири гола беа видени и три спорни ситуации, и навистина е неверојатно како во ниту една од нив главниот судија Маурицио Мариани од Италија не се одлучи да досуди пенал. Па, неговото судење сигурно ќе биде под анализа.
Првата ситуација беше кога Жорди Алба имаше можност да постигне гол, но Ван-Бисака стартуваше на него. Сепак, ни по прегледувањето на ВАР не беше утврдено дека има елементи за пенал.
Plancha a Jordi Alba dentro del área y sigan sigan… 😳pic.twitter.com/SJLOXGP2gH
— Zona Blaugrana (@Zona_Blaugrana) February 16, 2023
Втората ситуација беше кога Рашфорд тргна сам кон голот на Барселона, но Коунде го собори, па сите очекуваа пенал. Но, ниту тогаш не се огласи главниот судија.
Третата ситуација беше во самата завршница, кога топката во рака го погоди Фред. Но, ниту тоа не беше доволно за пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА