Жозе Мурињо и Фенербахче направија огромен чекор наназад во трката за титулата во турското првенство откако на домашен терен ремизираа 3-3 против Кајсериспор.
Португалскиот стратег овојпат вината ќе мора да ја бара само во својот тим, ако се знае дека Фенер одигра катастрофално, два пати губеше со 0-1 и со 1-2, но домашниот состав успеа да се врати и со пеналот на Талиска да поведе со 3-2. Сепак, Кајсери успеа да постигне и трет гол во 94. минута преку Сариарслан, за целосен шок на домашните фанови на арената во Истанбул.
Фенербахче имаше голема шанса за победа во 96. минута, но ударот на Шкринијар заврши во дирекот, на огромно разочарување на Мурињо и неговите избраници.
По ваквиот развој на настаните, Фенербахче сега на шест кола до крајот има пет бода заостанување зад Галатасарај, со минимални шанси за камбек во трката за шампионскиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА