Кој ќе се спаси од баражот? Тиквеш и Брера со предност пред Беса!

Само уште една непознаница остана во годинашната сезона на две кола пред крајот на Првата македонска фудбалска лига. Кој ќе успее да го избегне баражот за опстанок во елитното друштво?

Откако е познато дека Шкендија, како нов шампион, ќе не претставува во квалификациите за Лигата на шампионите, а Силекс и Работнички ќе играат во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а по исфрлањето на Воска Спорт и Гостивар во најнизок ранг тие се двете екипи кои заминуваат од Првата лига, јасно е дека единствено останува непознаница кој ќе игра бараж со третопласираната екипа од Втората лига. Тиквеш, АП Брера Струмица и Беса од Добридол се трите екипи кои се уште се надеваат дека ќе го избегнат баражот за опстанок во елитата.

На Тиквеш му е потребен само еден бод од следните две кола за да опстане, додека Брера ќе треба да брка барем една победа во последните две кола за сигурен опстанок. Беса единствено ќе чека денешен пораз на Брера од Струга ТЛ, а потоа за да брка спас во последното коло.

Денеска Тиквеш гостува на Шкупи во Чаир па со бод и дефинитивно ќе остане прволигаш.

ПРВА ЛИГА – 32. коло (денеска, 17 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 3-0 (службено)
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 0-3 (службено)

Се вчитува...