„Кој не е вакциниран нема да смее на стадион и во спортска сала“

Министерот за здравство, Венко Филипче размислува за воведување на сертификати кој ќе им овозможат на граѓаните да присуствуваат на масовни настани на затворено и отворено. Спортските натпревари ќе бидат опфатени со оваа одлука се со цел како би заштитила државата од нов бран.

„Согласно анализите ќе почнеме да размислуваме, почнувајќи од есенските месеци, од септември, да воведеме нешто, во смисла вакциналниот сертификат да биде неопходен за да се влезе на некој масовен настан, настан на затворено, но да видиме сега како ќе се одвиваат работите. Ги разгледуваме овие алтернативни решенија, со извесни рестрикции, како на пример влез во кината, културните настани и слично, да можат да ги посетуваат само лица со вакцинален сертификат“, изјави министерот за здравство, додавајќи дека „искрено се надева дека опфатот со вакцинацијата ќе се зголеми“, изјави Филипче. 

Оваа изјава на министерот дава надеж дека публиката од септември ќе се врати на стадионите и спортските сали во нашата држава, но само за граѓаните кои ќе бидат вакцинирани.

Се вчитува...