Кој носи дрес на Меси, не смее да влезе на стадион

Парагвај ќе ја пречека Аргентина во мундијалските квалификации, а домаќините донесоа неверојатна одлука пред мечот во Асунсион – да не дозволат влез на фановите кои ќе се појават со дресови на Лео Меси.

Ова не се однесува само на аргентинските дресови, туку и на дресовите на Меси од Барселона, ПСЖ и од Интер, Мајами, секој навивач што ќе биде забележан со вакво парче облека на себе ќе биде отстранет од триините.

„Навивачите кои ќе носат дресови на Аргентина, Барса, ПСЖ или Интер Мајами, со името Меси на грбот, нема да можат да го следат мечот. Ова не е забрана само за Меси, истото ќе се однесува и за дресови со имиња на останатите аргентински фудбалери. Желба ни е да го обоиме стадионот со боите на нашата земја, нашите фудбалери да добијат максимална поддршка“, изјави менаџерот на Фудбалската Федерација на Парагвај, Фернандо Виласбоа.

Се вчитува...