Кој преживеа – ќе раскажува: Работнички му ја симна круната на МЗТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Можеби е далеку е од супер квалитетна кошарка, но и во таква ситуација, мечот меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром секогаш ги пали страстите и носи возбуда. Гевгелија беше сведок на антологиски полуфинален натпревар од Купот на Македонија, кој по многу борба, убави моменти, но и премногу грешки и измачување по регуларниот дел и двете продолженија, рулетот го заврте на „црвено“.

Работнички му ја симна круната на МЗТ Скопје, трофејот во Купот на Македонија утре ќе добие нов сопственик. За него ќе се борат Блокотехна и Работнички.

 

Се вчитува...