Кој си оди од Вардар за да игра во втората лига на Германија

Ларс Кој веќе донесе одлука да си замине од редовите на Вардар по само една година мината во дресот на скопските „црвено-црни“. Холандскиот пивот ќе ја заврши сезонава во таборот на двократниот европски првак, но Кој веќе донесе одлука за својата иднина – потпишувајќи договор во втората германска лига.

Бергишер ќе биде новиот клуб на 24-годишниот холандски пивот, откако тој и официјално потпиша договор со оваа екипа за која своевремено настапуваше нашиот репрезентативец Ацо Јоноски.

„Пресреќен сум што ќе станам дел од семејството на Бергишер од наредната сезона. Одлуката да дојдам беше лесна, од самиот почеток разговорите течеа беспрекорно, верувам дека овој трансфер е вистинскиот чекор за мене“, изјави Кој.

Се вчитува...