Кој со кого до крајот: Вардар ќе чека услуга од Охрид

Победата на Вардар на денешното дерби со Е. Пелистер ја направи суперинтересна трката за титулата во плејофот од македонскиот шампионат, откако предноста на битолчани од пет се намали на само два бода, достижни со само еден евентуален кикс на актуелниот првак во преостанатите шест рунди.

Гледано според календарот, „вардарци“ преостанатите „тешки дуели“ ги играат на домашен терен, против Охрид, Тиквеш и Алкалоид. Што се однесува до „пелистерци“, барем на хартија најтешко за избраниците на Ангеловски би требало да биде гостувањето против Охрид, тим што игра квалитетен ракомет и доколку влезе во ритам може да го земе скалпот на фаворитите.

Дефинитивно, „вардарци“ ќе очекуваат услуга од охриѓани, но притоа „пулените“ на Недановски ќе мора и да ги освојат максималните 18 бода од своите пресметки до крајот на сезонава.

РАСПОРЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

9. коло: Е. Пелистер – Бутел, Пролет – Вардар

10. коло: Вардар – Тиквеш, Охрид – Е. Пелистер

11. коло: Пролет – Е. Пелистер, Струга – Вардар

12. коло: Е. Пелистер – Тиквеш, Вардар – Алкалоид

13. коло: Струга – Е. Пелистер, Вардар – Охрид

14. коло: Бутел – Вардар, Е. Пелистер – Алкалоид

Се вчитува...