Заврши првата фаза од Лигата на Шампионите, а ждрепката закажана за утре точно на пладне ќе даде одговор околу двојките за 1/16 финалето од елитното европско натпреварување.
Жозе Мурињо во голем стил, со гол на својот голман Трубин, обезбеди пласман во нокаут фазата, а таму „специјалниот“ ќе се сретне со свој „специјален клуб“. Според ждрепката, Бенфика ќе игра или против Реал Мадрид или против Интер, два клуба со кои португалскиот стратег своевремено освојуваше важни трофеи.
Актуелниот европски првак ПСЖ повторно ќе мора да игра од 1/16 финалето, каде потенцијални ривали на тимот на Луис Енрике се Монако и Карабах.
Јувентус и Атлетико Мадрид меѓу себе ќе ги поделат Бриж и Галатасарај како ривали во следната фаза.

Натпреварите од 1/16 финалето во Лигата на Шампионите на програмата се на 17/18 февруари, а реваншите се закажани за една седмица подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

