Кој со кого во осминафиналето од ЛШ: ПСЖ го очекува пеколен ривал

Комплетирана е првата нокаут рунда во новиот формат од Лигата на Шампионите, по што се познати сите 16 екипи кои ќе го продолжат походот кон тронот на европскиот клупски фудбал.

Ждрепката за осминафиналето е закажана за утре точно на пладне во Нион и истата ќе биде полудиригирана, во зависност од пласманот што екипите го имаат во лигашкиот дел од сезоната. Така, извесно е дека ќе следиме дерби-осминафинале со ПСЖ ако се знае дека францускиот првак за ривал може да добие еден од најдобрите два тима од лигашкиот дел, Ливерпул или Барселона. И „црвените“ и каталонскиот гигант без дилема ќе сакаат да го избегнат тимот на Луис Енрике, ако се знае дека вториот можен ривал за овие европски гиганти и Монако.

Интересно ќе биде да се види и кои ривали ќе ги добијат Баерн Минхен и Реал Мадрид, поранешните европски прваци кои ќе се сретнат со Атлетико Мадрид или со Баер Леверкузен. Така, лесно може да се случи да сведочиме на нови битки меѓу лутите мадридски ривали и меѓу двата главни кандидати за титулата во Бундес-лигата.

МОЖНИ ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

ПСЖ – Ливерпул/Барселона

Монако – Ливерпул/Барселона

Бриж – Лил/Астон Вила

Борусија Д. – Лил/Астон Вила

РЕал Мадрид – Атлетико М./Баер Л.

Баерн М. – Атлетико М./Баер Л.

ПСВ Ајндховен – Арсенал/Интер

Феенорд – Арсенал/Интер

Се вчитува...