Еден од омилените производители на телевизори, електроника и бела техника, Hisense, започнува наградна игра благодарение на која ќе стекнеш спомени за цел живот. Затоа, ако сонуваш да одиш на Светското првенство во фудбал – на вистинското место си!
Hisense и оваа година е официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™ и затоа на сите им дава можност да заминат на патување од соништата и да присуствуваат на отворањето на Светското првенство во Мексико!

Како да учествувате и други правила на играта
Акцијата е отворена за сите купувачи кои во периодот од 18. март до 27. април 2026 година ќе купат Hisense или Gorenje производи во вкупна вредност од најмалку 15.000 дeнари и ќе внесат до пет фискални сметки во пријавниот формулар на веб-страницата. По проверката на точноста на пријавите, кандидатите ќе бидат поканети на 29.04.2026 година со почеток во 18:00 часот на натпревар во изведување пенали на фудбалското игралиште на ФК Локомотива Скопје во Скопје – победникот на финалето освојува патување за двајца на натпреварот на отворањето на Светското првенство.
Пополни го формуларот на официјалната страница на Hisense и приложи фотографии или скенирани фискални сметки (до пет сметки).
Сметките мора да бидат од периодот 18.03.2026 до 27.04.2026 година и со вкупен износ од минимум 15.000 денари.
Ако пријавата биде верификувана, ќе бидеш поканет/а на квалификации на 29.04.2026 година на фудбалското игралиште на ФК Локомотива Скопје во Скопје, каде што ќе се шутираат пенали во цели, а во финалето истиот ден учесниците шутираат против професионален голман.
Главната награда е пакет-патување за двајца на натпреварот на отворањето во Мексико – победникот и лицето што ќе го избере како придружник. Условите и одредбите се достапни на линкот.
Затоа, ако размислуваш да учествуваш – провери Hisense и Gorenje апарати и зачувај ги фискалните сметки, па пријави се преку формуларот што е можно побрзо. Потоа – ако бидеш поканет/а – те очекува натпревар во Скопје во кој токму ти одлучуваш дали ќе одиш на патување. Затоа што, кој ти брани да одиш во Мексико?!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
