Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев не постигнаа гол на денешната пресметка на комплексот на ФФМ, но, сепак, задоволни го напуштија теренот. И двете екипи се без пораз и со четири освоени бода по првите две кола од новиот шампионат.
Ако се знае дека Шкендија е на дното и без бодови, тоа и воопшто не е за потценување.
„Репризата“ од минатогодишното финале на Купот донесе голема борба на средината на теренот, но затаија стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА




























