Кој вели дека калчото е здодевно: Никогаш не го отпишувајте Јувентус

Рома и Јувентус одиграа дерби за паметење што изобилуваше со прекрасни погодоци и интересни моменти, како одговор на сите критичари кои ја нарекуваат италијанската лига „најздодевна во големата петорка“. Римјаните имаат за што да жалат, водеа со 3-1 и делуваа во целосна контрола, но падот на концентрација во завршните 20 минути им овозможи на гостите од Торино да се вратат и со гол во судиското продолжение да стигнат до бод (3-3).

Бразилецот Весли го постигна првиот гол на натпреварот, прекрасен удар од петнаесетина метри што заврши во горниот агол од голот на Перин. Јувентус одговори на уште поубав начин, со еврогол од надвор од шеснаесетникот што го постигна Консеисао.

Одговорот на Рома беше фанатичен, Ндика стрелаше за 2-1 во 54. минута, а десетина минути подоцна блесна и Мален, продолжувајќи ја импресивната гол-серија по трансферот од Астон Вила. И кога римјаните очекуваа нивниот тим, кој ја има најдобрата одбрана во лигата, да го приведе мечот до крајот, Лучијано Спалети имаше поинакви планови.

Тренерот на Јувентус ги погоди замените, па така најпрвин Бога стрелаше прецизно за 3-2, пред Гати во судиското продолжение да ги постави конечните 3-3 на ова драматично дерби.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...