Која е противничката на Мила Релјиќ? Двократна олимписка шампионка, која има избегнато допинг тестирање

Македонската таекдвондистка Миљана Рељиќ утре ќе го има своето деби на Олимписките Игри, но денешната ждрепка не и беше наклонета на нашата спортистка.

Таа ќе дебитира со борба во 12 часот, а за противничка ќе ја има Џејд Џонс од Велика Британија, искусна таеквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Џејд Џонс е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019-тата, како и трикратка победничка на Европските првенства.

Сепак, нејзиното име се поврзува и со голем скандал. Таа избегна суспензија поради, како што Анти-допинг агенцијата на Велика Британија го опиша како „многу исклучителни околности“ во врска со доверливите медицински досиеја по нејзиниот неуспех да обезбеди примерок на службеник кој пристигнал во нејзиниот хотел рано на 1. декември 2023 година.

Џонс потпишала документ во кој вели дека не можела да го стори тоа поради дехидрација пред мерењето. Подоцна истиот ден, таа му дала примерок на посебен тестер, кој се покажал негативен.

И покрај општо прифатеното правило дека пропуштениот тест треба да се третира исто како и неуспешен, УКАД го зеде предвид ставот на консултант психијатар кој рече дека „одлуката на Џонс да одбие или да не дава примерок се случила како директен резултат на нејзиното когнитивно оштетување“.

Се вчитува...