Која селекција би заминала на СП доколку Иран се откаже!?

Три месеци пред почетокот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, најверојатно Иран нема да учествува на истото, а уште од сега ФИФА бара решение што ќе прави доколку местото остане празно.

Војната на Блискиот Исток има значително влијание и врз спортот, а нападот на САД врз Иран е последната капка што ја прелева чашата.

Она што беше кажано во последните денови, се чини дека го достигна својот последен епилог.

Фудбалската репрезентација на Иран не сака да патува на Светското првенство, а тоа го соопшти и Министерството за спорт на оваа азиска земја.

„Со оглед декам корумпираната влада го уби нашиот лидер, не постојат услови под кои можеме да учествуваме на Светското првенство. Две војни ни беа наметнати за неколку месеци и неколку илјади наши граѓани се убиени. Затоа нема шанса да учествуваме на овој начин“, изјави министерот за спорт Ахмед Доџнамали.

Правилата на ФИФА се јасни, и во случај некоја репрезентација да не е дел од натпреварувањето, таа се заменува со селекција од истата конфедерација, а јасно е дека тоа треба да бидат Обединетите Арапски Емирати или Ирак.

Ирак го очекува Интерконтиненталниот плејоф и го чека подобриот од дуелот меѓу Боливија и Суринам, додека ОАЕ беа елиминирани во азискиот плејоф.

Сепак, Ирак не е сигурен дали ќе патува до баражот поради небезбедната ситуација во земјата.

Се вчитува...