Црногорскиот интернационалец Дамир Којашевиќ најверојатно ќе го напушти Вардар до крајот на летниот преоден рок. Тој е на прагот да се пресели во босанскиот клуб Сараево, информираат медиумите од оваа земја.
Којашевиќ на стартот од оваа сезона не успеа да обезбеди стандардно место во првиот состав, па тоа е и основната причина што го поврзуваат со заминување во Сараево. Минатата сезона Црногорецот беше еден од клучните играчи во составот на македонскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

