Црногорскиот интернационалец Дамир Којашевиќ, кој спогодбено го раскина договорот со Вардар, на истекот на летниот преоден рок стави потпис за едногодишна соработка со српскиот клуб Војводина. Иако се најавуваше дека ќе замине во Полска, на крајот тој сепак се реши кариерата да ја продолжи во тимот од Нови Сад.
Нов член на Војводина е и македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски, кој ја напушти Олимпија Љубљана и повторно се врати во првенството на Србија, каде го носеше дресот на Црвена Звезда и на ОФК Београд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА