Австралиецот Танаси Кокинакис беше и самиот шокиран по победата над Роџер Федерер во 2. коло на Мастерсот во Мајами со која го тргна Швајцарецот од престолот на АТП листата.
„Да ви кажам искрено не знам што ми се случи. Веројатно го играв најдобриот тенис досега во кариерата. Да се победи Роџер за мене е само сон. Оваа победа ми е мотив само да продолжам уште посериозно со тенисот“ – истакна по триумфот 21-годишниот Кокинакис, кој на 175. место на АТП листата.
Федерер, пак, откако по овој пораз ја загуби челната позиција на АТП листата остана на одлуката да не се враќа на земјена подлога и сезонава.
„Одлучив и сезонава да не играм на земја. Минатата недела не играв добро. Се обидувам да разберам во што е проблемот. Јас сум личност која секогаш размислува позитивно, па ќе се потрудам да извлечам поуки. Овој меч во Мајами беше навистина лош и сигурно заслужив да го загубам првото место на АТП листата. Противникот беше далеку подобар, поопуштен од мене. Јас се барав самиот себе во текот на целиот меч, и не успеав да се најдам“ – рече по мечот Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА