Коко Гауф испиша историја – најмлада тениска шампионка во последните 42 години

Американката Коко Гауф испиша историја во женскиот тенис откако стигна до титулата на турнирот во Линц. Таа во финалето ја совлада Јелена Остапенко со 2-1 во сетови, со што стана најмлада шампионка на еден турнир во женска конкуренција во последните 42 години.

Имено, Гауф го крена пехарот на возраст од 15 години и 214 дена, уште еден доказ за неверојатниот потенцијал на американската тинејџерка. Само за споредба, нејзините сонароднички Венус и Серена Вилијамс до своите први трофеи стигнаа на 17-годишна возраст.

Пред Гауф остана само рекордот на Американката Трејси Остин, која во 1977 година го освои турнирот во Портланд на возраст од само 14 години и 29 дена.

Со освоената титула американската тинејџерка од 110. место ќе скокне на 71. позиција на најновата ВТА-листа.

Се вчитува...