Американската тенисерка Кори Гоф е првата која се пласираше во полуфиналето на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.
Американката во еден маратонски меч кој траеше нешто повеќе од три часа славеше над Украинката Марта Костјук со 2-1, по сетови 7-6, 6-7 и 6-2.
Откако првите два сета донесоа голема битка во која по еден тај-брејк си поделија двете тенисерки, фаворитката без проблеми го освои одлучувачкиот трет и со тоа се пласираше во своето прво полуфинале во Мелбурн. Таму за противник ја очекува подобрата од четвртфиналениот дуел меѓу актуелната шампионка, Арина Сабалјенка и Барбора Крејчикова од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

