Коко Гоф тешко до 3. коло на Индијан Велс

Најголемата американска тениска надеж Кори Гоф потешко од очекуваното успеа да избори пласман во 3. коло на ВТА турнирот во Индијан Велс.

Американката вечерва во тежок натпревар во три сета славеше над Французинката Клара Бурел со 2-1, по сетови 2-6, 6-3 и 7-6. Покрај тоа што го загуби првиот сет, шампионката од УС опен имаше негатива од 1-4 и 3-5 во одлучувачкиот трет сет, но успеа да се извлече од оваа незгодна ситуација и да слави во одлучувачкиот тај-брејк со 7-4.

Во 3. коло Гоф за противник ќе ја има Италијанката, Лучија Бронцети.

Се вчитува...