Кокорин и Мамајев пуштени од затвор – Дали ќе му се вратат на фудбалот?

Руските фудбалери Александар Кокори и Павел Мамајев пуштени се на условна слобода откако им беше изречена пресуда за учество во тепачка. Се пишуваше многу за случајот во кој беа инволвирани двајцата фудбалери кои во иста вечер предизвикаа две тепачки. Откако не се појавија на првото сослушување за нив беше распишана потерница, а неколку дена подоцна и се предадоа на полицијата.

По 11 месеци поминати во затвор каде ја очекуваа пресудата, Кокорин и Мамајев се пуштени на условна слобода. Адвокатот на Кокорин изјави дека тој потпишал нов договор со Зенит, бидејќи додека беше во затвор претходнио веќе му истече. Во октомри минатата година Краснодар објави дека ќе го раскине договорот со Мамајев, но покасно од клубот соопштија дека неговата позиција во клубот ќе биде повторно разгледана во септември.

 

Се вчитува...