Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче ја почна ерата после Жељко Обрадовиќ. Трофејниот српски стратег замина од Истанбул по разочарувачката сезона, а клубот успеа да ангажира друг српски тренер кој има и НБА искуство. Во новата сезона Фенербахче ќе го предводи Игор Кокошков.
Тој пристигна во Истанбул и по лекарските прегледи кои сега поради пандемијата на коронавирусот се уште позасилени, се фати за работа. Го одржа првиот тренинг, имаше разговор со една од ѕвездите на тимот, Нандо де Коло. Фенербахче има огромни очекувања и во новата сезона, како на домашна сцена, така и во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА