Фенербахче по седум сезони поминати заедно со Жељко Обрадовиќ се одлучи да го замени Србинот со неговиот сонародник, Игор Кокошков. Тренерот кој во Истанбул пристигна од НБА лигата не успеа да ги исполни очекувањата на почетокот на сезоната.
Неговиот Фенербахче кој изминатите сезони важеше за еден од најдобрите клубови во Европа, оваа сезона е очаен, по 13. одиграни натпревари во Евролигата се наоѓа при дното на табелата со скор од пет победи и седум порази, а вчера повторно беше прегазен на паркетот, овој пат од Алба која славеше со 89-63.
„Многу ми е срам. Само еден тим играше денеска, а тоа беше Алба. Ментално и физички не сме спремни, а јас како тренер превземам целосно одговорност. Не изгледавме на тим и мораме да се фокусираме подобро за следниот натпревар“ – изјави Кокошков по натпреварот во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА