Европскиот првак Вардар се соочува со многу повреди во пресрет на следниот натпревар од Лигата на шампионите, против Киелце в сабота (17.30 часот). Тренерот Едуард Кокшаров се надева дека тимот ќе успее да го надмине овој тежок период и дека ќе успее да извлече позитивен резултат.
„Во групата сите се блиску, секоја победа те исфрла напред, секој пораз те фрла назад. Ќе направиме се за да оствариме триумф. Ситуацијата не е лесна за нас, имаме многу повредени ракометари, моментно и не знаеме со кого располагаме, но ќе се обидеме да победиме“, изјави тренерот Кокшаров.
Утре ќе се знае и ситуацијата со Даинис Критопанс, кој го повреди скочниот зглоб на дуелот против Војводина во СЕХА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

