Кокшаров: За тренерското место во Вардар ќе има одлука по завршувањето на полусезоната

Бранителот на титуалта во СЕХА лигата, македонскиот шампион, Вардар в понеделник против Татран Прешов ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен за оваа сезона. Вардар веќе има обезбедно место за следната натпреварувачка фаза, а дуелот со словачкиот тим ќе биде за потврда на лидерската позиција во групата.

Целта ја исполнивме, влеговме во четвртфиналето на СЕХА лигата. На следните два натпревара наша цел е да освоиме најмалку три бода за да го осигураме првото место во групата“ – вели тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров.

Русинот го презеде „црвено-црниот“ табор по смената на Давид Писонеро, но не успеа да направи пресврт во резултатите. Вардар со серија слаби резултати го заврши настапот во Лигата на шампионите, а победничкиот пост го прекина со тешкиот триумф над Војводина во регионалното натпреварување.

„Откако ќе го завршиме овој дел од сезоната ќе видиме што и како ќе се лсучува. Ќе имаме состаник со претседателот на клучот и ќе решиме околу ситеп рашања, ап и околу тоа за тренерското место“ – објаснува Кокшаров околу темата за неговата долгорочна пзиција на клупата на Вардар.

По осум одиграни натпревари во СЕХА лигата, Вардар има 21 бода и ја предводи групата А. По дуелто со Татран Прешов, ќе го има уште гостувањето кај Нексе на 15 овој месец.

 

 

 

 

Се вчитува...