Коку пак со комплименти: Елмас е важен играч за Фенербахче

Како што се ближи стартот на новата сезона во турското првенство, се поочигледно е дека Елиф Елмас ќе има значајна улога во тимот на Фенербахче. Македонскиот суперталент ја мина првата сезона во Турција греејќи ја клупата, но со доаѓањето на Филип Коку за тренер неговата среќа се промени, Елмас добиваше шанси на сите контролни натпревари, максимално возвраќајќи му на холандскиот стратег за укажаната доверба.

Коку и самиот не крие дека е воодушевен од младиот Македонец, за кого сигурно има иднина во неговиот тим.

„Младите играчи ќе продолжат да се развиваат, ние ќе работиме напорно и ќе им овозможиме да продолжат да чекорат напред во нивните кариери. Елмас ме импресионираше, свесни бевме за неговиот талент, но тој покажа дека може да одигра 90 минути во силно темпо против незгоден ривал како Феенорд. Тоа не е мала работа, затоа сум убеден дека тој ќе биде важен играч за Фенербахче“ – истакна Филип Коку.

Се вчитува...