Коларов бесни, Србија испрати жалба до ФИФА за судењето, за ВАР, за политичките провокации…

Од Фудбалскиот сојуз на Србија испратија жалба до ФИФА по синоќешниот натпревар со Швајцарија, како што информираа, за тенденциозното судење на Феликс Брих, но и за политичките провокации кои за време на мечот ги испраќаа албанските фудбалери кои играат во дресот на Швајцарија.

„По долги разговори и официјално испративме жалба до ФИФА на судењето. Секако не очекувам некои спектакулрани одлуки, но мора да се стави до знаење дека на последниот меч против Бразил не сакаме да разговараме за работи како за овие од мечот со Швајцарија. Знаете дека јас не сум човек кој бара оправдание, никогаш. Ние сме губеле, изгубивме и ќе губиме во иднина. Но, ако ФИФА вовела некој ВАР систем кој треба да ги регулира работите а ние два меча немаме право на него, тогаш за што разговараме. И против Костарика и сега против Швајцарија не беше повикан ВАР системот, за ист пенал каков што Хрватска доби против Нигерија. Тогаш е прашање зошто е воведен ВАР? Сите по мечот ни потврдија дека било пенал, но што гледаат ете тие во ВАР собата? Знаевме дека овие што се на терен грешат, а сега грешат и оние кои треба да го гледаат снимките… Испаѓа дека зборуваме само за еден детал, но добро знаете дека тој детал одлучува натпревар. Тој детаљ одлучува за што ќе зборуваме и пишуваме следниот ден. Но и не беше само таа тенденциозна одлука“ – вели потпретседателот на ФСС, Саво Милошевиќ.

Бесен на судењето по мечот беше и капитенот на Србија, Александар Коларов…

„Луѓето од ФИФА мора да бидат незадоволни од она што го видоа денеска. Како нас да ни ставеа да ни суди Црногорец. Не можев и пред мечот да верувам дека Германец ставија да и суди на Швајцарија. Цело време меѓу себе си зборуваа на германски, а јас цело време ги молев да зборуваат англиски затоа што не сме во Германија. Беше пенал како куќа над Митровиќ, и по мечот сите тоа го признаа. Но, не знам тогаш зошто се воведуваше ВАР? Што прават тие 15 таму во таа соба за анализа? Судијата Бирх не сакаше ние да победиме. Тоа најдоговорно го тврдам. Уште на 1-0, нашите тројца фудбалери за врска во само 20 минути во првиот дел добија жолти картони…, а за нивните стартови ни прекршок не судеше. А за провокациите од нивните албански играчи родени во Србија не сакам ни да зборувам. Ниту од далеку не се за коментирање реакции на едно такво примитивно ниво кои се далеку од некое ниво на професионалец, на спортист“ – вели Коларов.

Се вчитува...