Италијанските медиуми пренесуваат дека помошникот во тимот на Интер, Александар Коларов е идеален наследник на Милојевиќ во случај вториот да ја преземе српската репрезентација.
Пикси ја напушти селекторската позиција по поразот од Албанија во Лесковац, а името на Милојевиќ е само едно од оние на листата на потенцијални кандидати за пополнување на испразнетото место.
Доколку тоа се случи, Италијанците тврдат дека ќе биде заменет од Коларов, кој штотуку се врати на „чизмата“ каде што е десна рака на Кристијан Киву, тренерот на тимот од Милано.
Иако никогаш не играл за сениорите на Црвена Звезда, Коларов бил во јуниорските категории на клубот. Она што може да ги загрижи челниците на српскиот шампион е неговиот недостаток на тренерско искуство, кое го нема на клупско ниво. Досега, во краток период, тој беше само селектор на Србија поддо 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

