Коларов: Романците ни самите не знаат како ни дадоа два гола…

Капитенот на Србија, Александар Коларов, не го криеше разочарувањето откако нашиот северен сосед одигра само 2-2 на домашен терен против Романија во второто коло од Лигата на Нации. Србите имаа целосна доминација, со двата гола на Митровиќ два пати доаѓаа во водство, но таа добра игра не успеаја да ја крунисаат и со триумф.

„Очекувавме да победиме и со она што го прикажавме на теренот заслуживме триумф. Денеска можевме се да решиме порано, да потврдиме дека сме најдобри во групата. Романците се бранеа, ни самите не знаат како ни дадоа два гола. Разочаран сум од исходот, но верувам дека сме најквалитетна селекција во групата, ќе одиме на победа на сите наредни натпревари“ – изјави Коларов.

Следен предизвик за српските фудбалери ќе биде дуелот со Црна Гора.

 

 

Се вчитува...