Поранешниот српски фудбалер и селектор на младинската репрезентација на Србија, во иднина ќе ја извршува задачата помошник тренер на Интер. Тој ќе му биде прв асистент на Кристијан Киву на клупата на „нероазурите“.
Коларов во моментов е селектор на младинската селекција на Србија, која се очекува да ја напушти поради новата фунцкија.
39-годишниот Коларов беше играч на Интер од 2020 до 2022 година. Претходно беше дел од Лацио, Манчестер Сити и Рома. Водењето на селекцијата до 21 година, за него беше првата тренерска работа во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

